Мал авион се урна во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал спортски авион се урна на аеродромот кај Сисак, јавуваат хрватските медиуми.

Жупанискиот центар денеска примил повик за пад на мал спортски авион во близина на спортскиот аеродром во Шашина Греда.

Пилотот бил сам во авионот, но не е повреден и има материјална штета на авионот.

Известена е Агенцијата за истражување на незгоди во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.