Мал авион се урна во Русија – загина пилотот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пилот загина во авионска несреќа кога мал авион од типот ЗЛИН-142 се урна утрово во близина на државниот аеродром Новонежино во источниот дел на Русија, во Приморскиот крај, соопштија властите.

„На 28 јуни, во 9:45 часот по локално време (2:45 часот по московско време), се урна мал авион ЗЛИН-142. Авионот го управувал маж роден во 1969 година, кој починал на самото место. Во авионот немало други лица“, се наведува во официјалното соопштение, објави РИА Новости.

На местото на несреќата се наоѓаат истражители и форензички експерти кои спроведуваат низа истраги со цел да се утврдат сите околности на инцидентот.