Мал туристички авион се урна во Улцињ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Мал туристички авион се урна денеска во населбата Штој во Улцињ при што две лица се повредени, јавија црногорските медиуми. 

Eдното лице е тешко повредено, а другото е полесно повредено. Се претпоставува дека Итната помош е на терен, а повредените веднаш ќе бидат пренесени во болница.

Не се познати причините за урнувањето на авионот.