СВР Тетово поднесе известување против двајца 16-годишници од тетовскиот регион, поради сомнение дека сториле кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. Станува збор за малолетници од селата Шипковица и Гајре.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 20 февруари 2026 година во село Шипковица. Двајцата пријавени физички го нападнале лицето З.И. во дворот на неговиот дом.
Во текот на нападот, едниот од малолетниците му упатувал сериозни закани, при што држел автоматска пушка.
Од полицијата информираат дека по документирање на случајот е поднесено соодветно известување до надлежните институции.
