Официјално е комплетиран „кам-бекот“ на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. Јувентус и Манчестер Јунајтед ги договорија сите детали, а денеска англискиот тим и дефинитивно објави дека Роналдо е нивен нов член.
Роналдо упати порака веднаш по промоцијата во Јунајтед.
„Сите кои ме познаваат, знаат дека мојата љубов кој Манчестер Јунајтед никогаш не заврши. Годините кои ги минав во овој клуб беа неверојатни, и успесите кои ги направивме заедно ќе бидат испишани со златни букви во историјата на оваа одлична институција“, рече Роналдо.
„Тука сум, се вратив каде што припаѓам. П.С. Сер Алекс, ова е и за тебе“, стои во пораката која ја испрати Роналдо.
