Манчестер Сити ќе ja тужи Премиер лигата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Манчестер Сити во моментов се соочува со 115 обвиненија поднесени од Премиер лигата по детална анализа, а судењето е закажано за ноември оваа година.

Последните вести открија дека Сити планира да возврати со тужба против Премиер лигата.

Главните контрааргументи на Сити се фокусираат на неодамна донесените правила за спонзорство, тврдејќи дека заострувањето на правилата за трансакциите со поврзаните страни ги прекршува законите за конкуренција. Исто така, клубот бара финансиска компензација, тврдејќи дека поради овие правила претрпеле финансиски загуби во врска со спонзорските договори. Дополнително, тие го критикуваат актуелниот двотретински систем на гласање во лигата, нарекувајќи го тиранија на мнозинството, бидејќи се потребни 14 од 20 гласа за да се донесе каква било одлука.

Понатамошниот развој на ситуацијата ќе биде многу интересен, особено ако се земат предвид коментарите на Пеп Гвардиола дека следната сезона ќе му биде последна и изјавата на Кевин Де Брујн дека сериозно би размислил за понуда од Саудиска Арабија.