Манчестер Сити вечерва испиша историја, пласирајќи се во своето прво финале во ЛШ. Сити тоа го стори благодарение на победата и на реваншот со ПСЖ на свој терен од 2:0.
Двата гола беа дело на Ријад Марез, по еден во двете полувремиња, за вкупна победа од 4:1. ПСЖ на крајот заврши со играч помалку откако исклучен беше Ди Марија.
Вториот финалист ќе биде познат утре по мечот Челзи – Реал Мадрид. Првиот дуел заврши 1:1.
Финалето се игра во Истанбул на стадионот “Ататурк” на 29 мај.
