Со вечерашниот пораз на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити е прогласен за шампион во англиската Премиерлига.
Јунајтед вечерва загуби на домашен терен од Лестер со 1:2, и так го направи шампион ривалот Сити, кој сега има предност од 10 боови на првото место на табелата, на три кола пред крајот.
За Манчестер Сити ова беше седма титула во историјата, а се враќа на шампионскиот трон по една година пауза. Лани титулата ја освои тимот на Ливерпул.
Манчестер Сити ќе има можност за уште еден трофеј – оној најпрестижниот во Лигата на шампионите. Финалето го игра со Челзи на 29. мај.
