Д-р Маја Манолева, која ја презеде функцијата министер за здравство од страна на Илир Демири, кој стана пратеник, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 ги коментираше случувањата на кардиохирургија, и смената на директорот Марјан Шокаровски.
„Не знам дали имаше правна основа да биде разрешен директорот. Да информирам дека во моментов го анализираме извештајот во основ на смртноста на пациентите, кој го добивме од Министерството за здравство, но ги анализираме и податоците од извештајот кој го добивме од Клиниката за државна кардиохирургија. Излегоа со извештаи и едните и другите. Јас би сакала само да апелирам до јавноста, да не се даваат било какви изјави во јавноста, затоа што станува збор за сензитивна тема“, рече Манолева.
