Марадона хоспитализиран во болница, ќе остане најмалку уште еден ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Jumbo

Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона ќе остане во болница барем уште еден ден со дијагноза анемија и дехидрираност, изјавија лекари за локалните медиуми.

„Тој е подобар, но ние претпочитаме да остане уште еден ден во кревет“, изјави д-р Леополдо Луке за TyC Sports.

Jumbo

Капитенот на аргентинската репрезентација освојувач на Светското првенство во 1986 година беше примен во приватна клиника во Ла Плата, околу 40 километри јужно од Буенос Аирес.

На 30 октомври, Марадона наполни 60 години. Тој во моментов е тренер на аргентинскиот прволигаш Гимназијада и Есгрима. Минатата недела, Марадона беше изолиран по контакт со заразен со новиот коронавирус.