Маричиќ: Попишани се околу 1,9 милиони граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за правда Бојан Маричиќ кажа дека попишани се 1,9 милиони граѓани. Пописот заврши вечерва во 20 часот.

„Задоволен сум што успеавме да го завршиме пописот, и покрај сите проблеми“, истакна Маричиќ, додавајќи дека се попишани околу 1,9 милиони граѓани.

Тој упати честитки до Државниот завод за статистика.

-Честитки до Заводот за статистика, бидејќи направија максимални напори повеќе пати да отидат на некои места и да ги убедат граѓаните да се попишат. Навистина е мал бројот на граѓаните кои не се опфатени или одбиле да се попишат. Тие кои не се опфатени, ако ги има, се на граница на статистичка грешка и тоа се случува во речиси сите држави – рече Маричиќ на Канал 5.

Државниот завод за статистика во 21:30 часот ќе одржи прес-конференција.