Марина Андева: UACS традиционално ги следи изборите во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доц. д-р Марина Андева од UACS, е вечерва гостин во специјалното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посветено на претседателските избори во САД.

Андева посочи дека UACS (University American College Skopje) традиционално ги следи изборите, и ги погодиле победниците изминатите изборни циклуси.

„UACS традиционално ги следи изборите во САД. Сега прогнозираме победа на Трамп, но секогаш може да се случи некоја промена. Согласно анализите и анктите се креираат овие резултати. И минатитеи избори прогнозиравме победа на Трамп, како и победата на Обама претходно“, рече Андева која смета дека Мичиген ќе биде одлучувачки за победникот.