Марјан Бојаџиев нов член во Надзорниот одбор на КИБС

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Промени во Надзорниот одбор на КИБС. Нов член на Надозрниот одбор на Клириншката куќа ќе биде и професорот Марјан Бојаџиев, пренесува „Фактор“.

„Согласно одредбите од Член 166-б од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека на дваесет и третата седница на собранието на акционери на Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (“КИБС АД Скопје“) од 26.05.2021 година, поради престанок на мандатот се отповикаа членовите на Надзорниот одбор: Мирјана Трајановска, Билјана Андревска, Драган Илиевски, Христијан Трифуноски, Наталија Михајлоска, Софче Јовановска – независен член, и проф. др. Живко Атанасовски – независен член. За членови на Надзорниот одбор со мандат од четири години се именуваа Мирјана Трајановска, Билјана Андревска, Христијан Трифуноски, Надка Спировска, Весна Дацева, Софче Јовановска – независен член, и проф. др. Марјан Бојаџиев – независен член“, се вели во известувањето од КИБС до Берзата. 

Воедно, на седницата Надзорниот одбор на КИБС АД Скопје одржана на 02.06.2021 година, се реизбрале постојните членови на Управниот одбор со мандат од четири години: Горан Анастасовски – Претседател и генерален директор, Биљана Адамческа и Љупка Ѓорѓиевска.