Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе присуствува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Турција од 14 до 16 мај, на кој ќе се разговара за завршување на војната меѓу Русија и Украина, соопшти денес Стејт департментот.
Во соопштението се наведува и дека Рубио, пред самитот на НАТО во Хаг во јуни, ќе ја промовира агендата на американскиот претседател Доналд Трамп, „што подразбира дека сојузниците даваат фер придонес во зајакнувањето и ефикасноста на Алијансата“.
Трамп рече дека европските членки на НАТО треба да ги зголемат своите трошоци за одбрана на пет проценти од БДП од сегашните два проценти.
