Марковски во „ClickPlus“ објаснува како да разликуваме обичен грип од коронавирус?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во „Клик Плус“ вечерва дебатираме со проф. д-р Вело Марковски. Нормално, темата е коронавирусот, а Марковски објасни како да се разликува коронавирусот од обичен грип.

„Треба да ги разликува науката, но не само кај нас, туку во речиси држави нема некоја силна инфектологија, и не се вклучени луѓето кои се најстручни во горнореспираторни инфекции.

Најголемиот проблем сега ќе прави грипот и обичната настинка. Аденовирусите се најпрви на листата, па доаѓаат риновирусите, а коронавирусот се четврти на листата. Над 200 риновируси даваат обична настанка. Нормално е во сезоната да имаме 3-4 епидемии со риновируси и аденовируси.

Риновирусот на пример нема температура и не бара отсуство од работа“, рече Марковски.

Целата изјава низ видео: