Мартинез го тешеше Мбапе по финалето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аргентина на пенали ја победи Франција во финалето на Светското првенство и ја освои титулата што ја чекаше од 1986 година.

Аргентинците водеа со 2-0 до 80-та минута со головите на Ди Марија и Меси, пред двата гола на Мбапе да го испратат натпреварот во продолженија каде Меси постигна гол во 108-та за 3-2, а Мбапе во 118-та за 3-3. .

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез одлично се снајде на крајот од натпреварот. Најпрвин во судиското продолжение спаси чист гол на Коло Муани, а потоа во престрелката го одбрани пеналот на Кингсли Коман и ја доведе Аргентина до титулата. Мартинез подоцна беше прогласен за најдобар голман на турнирот, а по натпреварот покажа фер-плеј.

И покрај тоа што Килијан Мбапе постигна хет-трик, Мартинез му пријде, го прегрна и му даде утеха за поразот во финалето. Мбапе и Мартинез благи спаруваа во медиумите пред првенството. Во најавата за турнирот пред два месеци, Мбапе изјави дека јужноамериканските репрезентации не се на европско ниво, а Мартинез одговори дека нема право да зборува за тоа бидејќи никогаш не играл таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: