Баерн Минхен ја продолжи „жетвата“ на трофеи. После германското првенство, германскиот Куп, трофејот во Лигата на шампионите, „Баварците“ вечерва го освоија пехарот од европскиот Супер-Куп.
Во финалето Баерн ја совлада Севиља после продолженијата.
Мечот почна со водство на Севиља преку Окампос од пенал во 13. минута. Израмни Горецка во 34. минута.
Немаше промена на резултатот до крајот на мечот, иако и двата тима, особено Севиља, имаше неколку шанси. Особено онаа во 87 минута кога Нојер имаше спектакуларна одбрана.
На почетокот на продолженијата Севиља ја погоди и стативата. Баерн казни Мартинез во 104. минута, што беше конечен резултат.
EL SÚPER CAMPEÓN BAYERN MUNICH
pic.twitter.com/5A4WufidwF— Deportes y Noticias (@wilnoticias) September 24, 2020
