Маск најави промена на логото на Твитер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Милијардерот Илон Маск денеска изјави дека бара замена за логото на „Твитер“ и дека наскоро ќе се збогува со актуелниот заштитен знак и постепено со сите птици.

„Ако денес биде објавено добро лого, утре ќе го објавиме насекаде низ светот“, напиша Маск на Твитер.

Маск на својот профил објави „H“, но не објави други детали.

Страницата на социјалната мрежа „Твитер“ има лого на сина птица, што е најпрепознатливиот знак на компанијата.