Маска за лице од Лејди Ди – специјална, а едноставна

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Принцезата Дијана беше природна убавица, но имаше проблеми и со несовршености на кожата, вклучително и розацеа!

И покрај тоа, нејзината кожа изгледаше негувано, сјајно и чисто

Нејзината шминкерка и пријателка Мери Гринвол откри како го постигнала тоа.

„Таа беше многу разумна кога станува збор за кожата. Секогаш би се погрижила да ја тргне шминката на крајот од денот и да го чува лицето чисто пред да се шминка“, рече таа.

Таа верува дека принцезата Дијана и денес би ги користела сите препарати како креми и серуми за позрела кожа.

Рутината на Лејди Ди вклучуваше и едноставна маска за лице од авокадо која помага да се направи кожата сјајна и помека.

Состојки:

  • половина зрело авокадо
  • 2 лажици топла вода
  • 1 лажица мед

Подготовка и примена:

  • Изгмечете го авокадото.
  • Растопете го медот во топла вода, а потоа додадете го авокадото и измешајте сè заедно во еднолична смеса.
  • Нанесете ја маската на лицето, оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода.