Mасовни блокади од утрово на улици низ Србија – Вучиќ: Ги молам граѓаните да не ја уриваат земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во речиси сите српски градови, како и во главниот град Белград од утрово се поставуваат блокади. Студентите ги повикаа најголемите градови Белград, Нови Сад и Ниш целосно да сопрат денеска.

Реагираше и министерството за внатрешни работи и јави дека блокадите се незаконски, и најави преземање на сите мерки за да се заштити јавниот ред и мир.

Блокадите во Србија траат веќе пет дена, како реакција на апсења на демонстранти. Полицијата соопшти дека вчера биле преведени 79 лица.

Во Белград од утрово не може да се користат трамваите и тролејбусите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ апелираше на смиреност, и ги замоли да не се урива земјата.

„Оние кои го сакаат тоа, нема да победат. Оние кои не ја сакаат земјата, се одлучија целосно да ни го загорчат животот. Најавени целосни блокади од раните утрински часови. Ги молам како обичен човек, не како претседател, да не го прават тоа и да не ја мразат својата земја толку. Не сакаме да реагираме, и избегнуваме употреба на сила“, рече Вучиќ синоќа.