Матичните лекари се вклучуваат во откривањето на заразени лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Матичните лекари, според претходно доставен алгоритам од страна на Министерството за здравство ќе се вклучат во откривањето на заразени пациенти од Ковид-19, со цел да се рестерети Инфективната клиника.

Тие ќе делуваат односно проверуваат пациенти кои имаат сомнителни симптоми на Ковид-19, по точно определен алгоритам.

Потоа матичните лекари ќе ги упатуваат пациентите во еден од 14 пунктови за проверка на тестовите.