Маж и жена живеат сами и со многу проблеми. Ќамуран е од Скопје, а тешката економска состојба уште повеќе му го отежнува секојдневието. Вели дека нема месечни приходи, а поради пандемијата, како што вели, веќе неколку месеци е без работа. Живеат под кирија, а некогаш престојувал и во прифатилиште.
„Имам работено многу работи, во ресторан, како хигиеничар, стражар. Работа немам, а треба да одам на лекар. Не работам бидејќи поради вирусот никој не сака да нѐ вработи. Кога ќе отидам да прашам, ми го земаат телефонскиот број, но никој не ми се јавува. Многу тешко. Под кирија сум веќе два месеца, а претходно престојував кај пријатели“, истакна Ќамуран Бајрами.
Сопругата на Ќамуран има дијагностициран дијабетес.
„Болна сум, имам шеќер и астма, имам проблеми и со срцето, и нозете ме болат не можам да одам, не можам да отидам никаде. Живееме под кирија, но и неа не можеме да ја платиме“, посочи Вилдан Бајрами.
Ќамуран и неговата сопруга сакаат да имаат своја куќа, за да ја не мора веќе да се грижат дали ќе успеат да ја платат месечната кирија. Немаат деца, а Ќамуран вели дека израснал како сирак. Семејството Бајрами не зема социјална помош, а немаат ниту сигурни месечни приходи.
Контакт: 076 797 384
