Маж од струмичко со воздушна пушка пукал кон малолетник, го погодил во нога!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 27.11.2025 во 23:45 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.М.(65) од село Банско.

Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во село Банско, во близина на неговата куќа, со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата.

На малолетникот му е укажана помош во Општа болница Струмица, а воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М..

Тој е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.