Мбапе промаши два пенали и празен гол, а потоа си замина во 21. минута поради повреда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Натпреварот од 21. коло во францускиот фудбалски шампионат помеѓу домашниот Монпеље и ПСЖ сигурно нема добро да го памети парискиот напаѓач Килијан Мбапе.

Во 10. минута еден од најдобрите играчи во светот ја доживеа веројатно најбизарната ситуација во кариерата.

ПСЖ доби пенал, а Мбапе ја зеде топката. Голманот на домаќините Бенџамин Лекомт го одбрани неговиот удар, но тој стоеше надвор од линијата, па судијата реши да го повтори пеналот.

Но Лекомт уште еднаш му одзеде удар на одличниот напаѓач, а одбиената статива Мбапе од непосредна близина ја испрати над голот. Работата да биде уште полоша, Мбапе се повреди во 21. минута и мораше да биде надвор од теренот.