Мечка поминала два дена во супермаркет во Јапонија и изела многу месо, на крајот ја успиле и убиле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Убиена е мечка која нападна вработен во супермаркет во северна Јапонија. Мечката била фатена во замка поставена од локалните власти во близина на влезот на продавницата. Таа беше успиена пред да биде убиена, објави новинската агенција Кјодо.

47-годишен вработен бил пренесен во болница со повреди на лицето и други повреди откако бил нападнат од мечка во северната префектура Акита. Неговите повреди не се опасни по живот. Полицијата повикала ловци да го убијат животното, но прво не можеле да го лоцираат. 

Замки биле поставени на влезовите во супермаркетот, каде што мечката изела големи количини месо. Беше користен и дрон за да се одреди локацијата на мечката. Мечката поминала повеќе од два дена во продавницата.

Беше пронајдена во стапица поставена помеѓу влезот и просторот за складирање откако сензорот за стапица беше активиран рано утрово по јапонско време. Во стапицата имало мед, јаболка и леб.