Мечка уби рибар во Русија, се враќал од риболов

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мечка уби 41-годишен рибар во близина на селото Верхни Сејмчан во Магаданската област, Русија, изјави за РИА Новости Елена Слобојјанјук, началник на Одделот Охотнадзор во Магаданската област, наведувајќи дека животното е убиено.

Минатото лето имаше неколку напади на мечки врз луѓе во Магадан. Три лица починаа, а четворица поради повредите завршија во болница.

Како што пренесува РИА Новости, бројот на овие животни во регионот значително пораснал во последните години и има потреба од намалување на популацијата, па ловочуварите од почетокот на пролетта убија повеќе од сто мечки во регионот.

Слободањук рече дека е констатирано дека кафеавата мечка го нападнала рибарот кога враќајќи се од риболов ноќта поминувал низ шума откако му се расипал автомобилот.

Таа додаде дека ноќното излегување во шумската област е крајно небезбедно бидејќи предаторите тогаш се поактивни.