Меџити го повикува Таравари да реагира: „Дел е од коалицијата, го сакаме во ВРЕДИ“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Таравари мора да одлучи или со нас во Владата или со ДУИ во опозиција“. Ова е ставот на лидерот на Демократското движење (ДД), Изет Меџити, кој најави дека во текот на неделата коалицијата ВРЕДИ ќе се спои во една партија. Тој рече дека Таравари не бил присутен на синоќешната средба, туку членови на неговата партија, како што рече, кои се пола од Алијанса за Албанците. Меџити рече дека не се подготвени за втор албански владин партнер.

-Јавно го поканувам господинот Таравари да размислува, тој е дел од ВРЕДИ, го сакаме во ВРЕДИ. Граѓаните, гласачите бараат коалициските субјекти да се спојат во еден субјект за да има два политички табора во албанскиот политички табор, ова е најдобрата опција за да има конкуренција меѓу Албанците, еден субјект не 10 субјекти кои би го подделиле албанскиот глас, изјави вицепремиерот Изет Меџити.

Во ВРЕДИ поделбата настана кога Таравари јавно призна дека има комуникација со ДУИ. Лидерот на АА синоќа во Клик плус обвини дека и Меџити се сретнува со Интегративците.

-г. Меџити има комуникација со многу луѓе, со Муса Џафери или Фатмир Дехари или некој друг. И нашите пратеници имаат комуникација во Собрание. И од БЕСА не се изолирани, не инсистирам дека претседателите се сретнувале, но комуникација во една држава со 1,5 милион жители во Собрание со 120 пратеника нормално е да има комуникација, изјави Арбен Таравари, претседател на АА.

Коментирајќи го ова Меџити рече дека има разлика од комуникација и договор.

За претворањето на ВРЕДИ во една партија, Меџити додаде дека не е важно кој ќе биде претседател и дека немаат концепт за водач.
Потсетуваме дека од 14 пратеници колку што брои коалицијата ВРЕДИ, 5 се од АА на Таравари. Оваа бројка го исполнува условот за формирање нова парламентарна група во случај на поделба на владиното партнерство.