Изет Меџити пратеник од редовите на Демократската унија за интеграција вели дека ќе даде зелено светло за новиот Владин состав кој најверојатно утре ќе биде достаен до Собранието, а в недела ќе биде гласањето.
Меџити додава дека има забелешки за извршната власт, но по долгите дебати во партијата, тој додава дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.
