Вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити денеска се обрати на свечена седница по повод 22-ри ноември – Денот на албанската азбука.
Тој вели дека Уставниот суд за жал, денеска се претворил во змеј и сите фрлаат со оган, гнев и стрели кон оваа институција, на која треба да се гледа со почит како гарант за правата на граѓаните.
„Оваа година манифестацијата нè дочека во жестока дебата околу службената употреба на албанскиот јазик. Ова е за дефокусирање на јавниот интерес и произведување вештачка криза таму каде што нема. Оваа дебата предизвикува непотребни тензии во регионот. Сум повторил и ќе кажам повторно – ниту едно право не може да се укине. Ако сакаме луѓето да ги третираме рамноправни во мултиетничко општество, тогаш наша задача е да им обезбедиме вршење на слобода и права“, вели Меџити.