Меџити: ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, во вториот круг ќе ги добиеме и другите општини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21, Изет Меџити изјави дека ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, додавајќи дека и во вториот круг, кој ќе се одржи на 2 ноември, тие ќе бидат победници.

„Некаде славиме затоа што во 5-6 општини победивме уште во првиот круг. ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, а во вториот круг одиме за дополнителна мотивација, за успешно да ги завршиме изборите и во општините каде што ВЛЕН е во балотажa. Ја гледам енергијата, атмосферата и тоа ме тера да верувам дека во сите општини ВЛЕН ќе биде победник“, изјави Меџити.

Од друга страна, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека ДУИ е победник на локалните избори, на што Меџити реплицираше прашувајќи: „Каде победиле?“

Меџити изјави дека ДУИ победила само во Липково, бидејќи во Чашка им помогнала и ВЛЕН, така што не излегла со свој кандидат.

„Значи, победиле, ама каде? Тие постојано зборуваат за легитимитет, за легитимитетот на албанскиот глас, зборуваа за референдум, велеа дека тоа е витално прашање. Ако сега го мериме тој легитимитет, тогаш ајде да го измериме. Но не може легитимитетот да се мери со Пласница, која е општина со турско население. Не може албанскиот легитимитет да се мери со Пласница, ниту пак може да се повикуваат на победа во Чашка, бидејќи додека беа на власт, не можеа да ја освојат Чашка. Значи, некој помогнал таму — Чашка е надпартиска, затоа што и советничките листи беа мешани, а ние не излеговме со свој кандидат. Така што, останува дека ДУИ има победено само во Липково“, изјави Меџити.