Меџити: ВРЕДИ ќе излезе на избори со заеднички листи, на Таравари му се допаѓа спојувањето на ВРЕДИ во една партија, но вели дека нема понуда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВРЕДИ ги доби гласовите за да ја урне ДУИ и нема логика да се соработува со таа партија, изјави претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, додавајќи дека оваа коалиција ќе се спои во една партија. Тој нагласи дека единствениот кој се сомнева во оваа промена е првиот човек на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, додека Движење Беса, Алтернатива и Самоопределување ќе излезат како една партија со заеднички листи на локалните избори во октомври.

-Верувам дека во текот на неделата ќе има иницијатива за ВРЕДИ да биде една опција, сите во ВРЕДИ, четирите субјекти: ДД, Беса, ААА, Самоопределување да се спојат во една партија. Единствениот кој има дилеми е господинот Таравари и треба да се објасни за јавноста дека не може да биде дел од ВРЕДИ а да соработува со ДУИ бидејќи тогаш нема смисла промената, изјави Изет Меџити, вицепремиер.

Лидерот на АА, Арбен Таравари изјави дека за спојувањето на коалицијата во една партија е дебатирано е порано, но сега не добил таква понуда.

-Мило ми е што тие се согласиле, ДД, ААА, БЕСА и Самоопределување да се спојат и го поздравувам овој акт, ми се доапаѓа. АА останува како субјект кој ќе се обиде пак да соработува доколку тие се спојат во една партија. До нас не е стигната таква покана и доколку стигне ќе ја разгледаме. Пријатели сме, другари и нормално дека може да ја отвориме и таа тема. Моментално мило ми е што тие се договориле меѓу нив, изјави Арбен Таравари, лидер на АА.

По овие политички случувања, премиерот Мицкоски беше прашан дали ќе има реконструкција на Владата.

Истото прашање му беше поставено и на Меџити.

Инаку веќе од ВРЕДИ испратиле понуда до Таравари за начинот на поделба на општините, но тој рече дека не беше понуда туку ултиматум, што според него е неприфатливо.