Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, соопшти дека медицинската сестра Нашиде Емини, почина како последица од коронавирус.
Емини долги години била од одделението на дерматологија во болницата „8.Септември“ во Скопје.
„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.
Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски“, стои во бојавата на Фејсбук.