За проверка на содржината на т.н мед за „мераклии“ кои се со закон забранети доколку немаат декларации, тимот на Инсајд21 ја заврши работата на инспекторатите. Зедовме дел од производите и ги испративме во лабораторија.
„Во меѓувреме, во Центарот за јавно здравје во Куманово, како една од најобемните точки на кои се носат мостри од царината Табановце за тестирање на квалитетот на храната, дојдовме да анализираме дел од производите за кои постои сомневање дека се продаваат на црниот пазар, но и за тие кои се спакувани.“, вели новинарот на ТВ21, Аднан Ќаили.
Во една од најдоверливите јавни здравствени установи во земјава, на детална лабораториска анализа доставивме примероци од производите, за кои што што на амбалажата се тврди дека се мед. Биотехнологот за храна Халил Ибрахими изврши лабораториско испитување.
„Потоа, можеме и графички да го прегледаме примерокот што го донесовте за анализа, кој е овде на компјутерот. Врз основа на ова испитување, заклучуваме дека поседува супстанца поврзана со „Силденафил“. Станува збор за хемиска супстанца, која ја има и во производите на вијаграта, па доколку оваа супстанца не се зема без надзор на лекар, постои голем ризик да имате проблеми со кардиоваскуларни заболувања“, изјави Халил Ибрахими.
Доктор Бедри Велиу рече дека употребата на сексуални стимуланси предизвикува низа проблеми во организмот. Според него, во зависност од возраста на корисниците и нивната виталност, тие се строго забранети за лица со нарушено здравје.
„Што се однесува до последиците кои настануваат од овие различни препарати, прво, тие се штетни за организмот, предизвикуваат анемија, оштетување на црниот дроб, но се и канцерогени. Тие стимулативни материи директно влијаат на проширување на крвните садови, предизвикуваат зголемување на крвниот притисок, предизвикуваат вртоглавица и некои акутни симптоми кои се моментални, но долгорочно можат да предизвикаат срцеви заболувања, бубрежни заболувања и кардиоваскуларни болести и оние луѓе кои ги консумираат се изложени на ризик“, изјави Бедри Велиу.
За оваа проблематика Швајцарската агенција за лекови „Свис-Медик“ објави платформа со низа производи конфискувани од црниот пазар, кои илегално влегле во швајцарската држава. Станува збор за истите производи со потекло од Кина, Индија, Непал, Пакистан и Турција, кои се анализирани од најсофистицираните швајцарски лаборатории, од кои произлегуваат овие производи што ги гледате во табелата кои содржат непријавени материи на амбалажата, што резултира со идентична супстанција со вијаграта.