Меѓу загинатите во трагедијата во Кочани е и пејачот од ДНК, Андреј Ѓорѓиески
Според информациите, тој имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот.
Покрај него, животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал.
Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев.