Мека погача со јогурт готова за само 20 минути

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ништо како кога куќата мириса на топол, домашен леб!

Овој мирис потсетува на детството и стариот шпорет на баба, но и рецептите кои беа беспрекорни. Ова е дефинитивно клучен детал ако сакате вкусен леб, а ние ви носиме токму таков рецепт – совршен!

Станува збор за леб кој се подготвува со јогурт, што му дава на тестото прекрасна мекост и беспрекорен вкус.

Состојки: 2 јајца, 2 дл јогурт, 230 гр брашно, 130 мл сончогледово масло, половина прашок за пециво, 1 лажичка сол.

Подготовка: Изматете едно јајце и една белка со миксер, додадете јогурт и 130 мл масло. Додадете 230 гр меко брашно, прашок за пециво, сол во оваа смеса и измешајте се со миксер со најмала брзина.

Садот за печење премачкајте го со масло и посипете го со брашно, па префрлете ја смесата. Од горе исчеткајте со изматена жолчка и печете во загреана рерна на 230 степени околу 15 минути.