Меланија Трамп или Џил Бајден – која ќе стане првата дама на САД?
Актуелната американска прва дама Меланија Трамп ја критикуваа поради се – од изговорените зборови, па се до облеката.
Понекогаш се чинеше дека баш и не е воодушевена со животот во Белата куќа, но 50-годишната Словенка, односно првата американска дама родена во странство, може да го продолжи својот престој во источното крило од Белата куќа за уште четири години.
Меланија Трамп, трета сопруга на Доналд Трамп, е поранешна манекенка и дискретен извор на максимална поддршка (зад камерите) кон американскиот лидер.
Во книгата објавена минатата година, новинарката на Си-Ен-Ен, Кејт Бенет, напиша дека првата дама е „многу помоќна и има поголемо влијание врз нејзиниот сопруг“ отколку што знае јавноста. Меланија отворено повика на оставка на високиот советник на претседателот во 2018 година. И тие навистина му ја покажаа вратата.
Меланија е претежно енигма, барем во политичка смисла. Но, кога намерно се стави во центарот на вниманието, нормално следуваше критика.
Нејзината кампања против злоупотребата „Биди најдобар“ не беше добро прифатена, многумина вперија прсти кон нецивилизираните твитови на нејзиниот сопруг. Нејзините модни избори, исто така, предизвикаа и голем број коментари.
Од друга страна пак, Џил Бајден е добро запознаена со светлата на политичката сцена, па доколку нејзиниот сопруг победи во трката претседател и ја добие Белата куќа, таа ќе има можност да ја модернизира својата улога како прва дама во 21 век со задржување на професорската позиција.
„Повеќето американски жени ги ускладуваат деловниот и приватниот живот, но на првите дами тоа никогаш не им е дозволено да го сторат “, рече Кетрин Елисон, професор по историја на Универзитетот во Охајо.
Таа вели дека сепак, можеби дојде време повеќе Американци да се чувствуваат пријатно со првата дама која не е достапна 24 часа на ден.
Џил Бајден е доверлив советник на нејзиниот осум години постар сопруг.
Ако Бајден го победи републиканецот Доналд Трамп, неговата сопруга се очекува да работи како прва дама во образованието и повторно да ги започне Здружените сили, воена мисија за семејно обединување што таа и Мишел Обама ја иницираа во 2011 година.
Бајден е исто така професорка, мајка, баба и карпа што го турка сопругот Бајден напред по трагедијата што го погоди пред скоро пет децении.
