Мемети призна вина и се спогоди – во тек постапка за ефективна казна затвор за Наќе Георгиев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби предлогот за спогодба (согласност за ефективен затвор) потпишана од врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше фатен со мито од 10 000 евра.

Висината на затворската казна ќе ја утврдува Судот кој најпрво ќе ја цени постигната спогодба, па потоа ќе носи пресуда за должината на времето кое во затвор ќе треба да го мине поранешниот врховен судија.

Предлог-Спогодбата со сите прибрани докази е доставена до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје кој треба да закаже рочиште за оцена на предлог – спогодбата и доколку истата биде оценета како прифатлива, надлежниот суд ќе донесе пресуда која се заснова врз предлог-спогодбата.