Мендух Тачи реизбран за претседател на ДПА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мендух Тачи е реизбран за претседател на Демократската партија на Албанците на 9-тиот партиски конгрес.

Во своето обраќање пред делегатите тој се осврна на повеќе теми, меѓу кои и распределбата на буџетот, за која истакна дека се дели на неправеден начин.

Тачи исто така изјави дека тој де факто двапати бил премиер на Албанците, иако немал јавна функција, додавајќи дека има голема разлика кога ДПА била на власт во споредба со ДУИ или ВЛЕН.

„Неправедната распределба на државниот буџет што се прави во Македонија е како онаа црна змија под камен што ја загрозува иднината на Албанците во Македонија. Вие знаете, а верувам дека ќе ги убедиме и другите, дека јас ја разбирам оваа работа. Без оглед на тоа што немав функции, сепак јас двапати бев де факто премиер на Албанците во владата. И вие знаете, а верувам дека заедно ќе ги убедиме и другите, дека има голема разлика меѓу мене и Али Ахмети. Меѓу мене и Изет, Билал и другите“, изјави Мендух Тачи – претседател на ДПА.