Меркел, Шолц и провинциските премиери утре ќе разговараат за мерките против Ковид -19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот наследник Олаф Шолц утре ќе разговараат со лидерите на 16-те провинции во Германија за да ги заострат ограничувањата за да го запрат наглиот пораст на инфекции со коронавирус, јавија германски медиуми.

Дискусиите се водат откако неделниот број на заразени лица во Германија се искачи денеска на нов пик, со 452,4 позитивни на 100.000 луѓе во последните седум дена.