Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) изјави дека сите во Европа мора да се држат заедно или ќе бидат „скршени“.
„Деновиве всушност се важни за Германија и за Европа“, рече Меркел.
Како посебен предизвик ги истакна одбранбените трошоци.
„Нема да можеме да пројдеме со 2% БДП“, кажа поранешната германска канцеларка.
Зборуваше за миграцијата, што била за неа историска пресвртница во политичката кариера, кога не ја затворила границата па стотина илјади бегалци дојдоа во Германија.
„Тоа останува европска задача која може да се реши само со соседните земји“, рече Меркел.
Исто така зборуваше и за потезите на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Суштината е тоа што американскиот претседател знае што му е важно“, рече Меркел кој го гледа како „типичен трговец“.
Потоа го коментираше Путин.
„Нападна суверена земја, Украина. Не само што го прекрши меѓународното право, туку го скрши и го разби европскиот поредок“, рече Меркел.
„Само војна нема да е доволна. Можеби сега сме блиску до решение, но политиката не смее да биде засновата само на црвени линии“, изјави Меркел која кажа дека Украина мора да остане суверена.
