Расправата за набавката на луксузниот автомобил почна од почеток поради промената на судечкиот судија, кој на претходното рочиште побара време да ги разгледа списите за случајот. Иако одбраната достави приговор за застареност на делото, тоа беше одбиено од страна на претходниот судечки судија, а истото го прифати и новиот судија Јордан Јованов. Според него, решението останува во сила, бидејќи има прекин на застареност.
Во врска со тоа кога може да се очекува одлука за овој случај, судијата Јованов рече дека конкретен одговор не може да се даде, бидејќи зависи дали ќе се обезбеди присуство на сведоци. Списокот е обемен, но тоа, според него, не значи дека ќе бидат прифатени во целост. Според начинот на кој е предвиден прекршокот, судијата смета дека целосната застареност ќе има во 2028 година.
За злоупотреба на службената положба и овластување предвидена е затворска казна од 1 до 4 години. Сепак, одбраната на Мерко смета дека нивниот клиент не е виновен.
За рочиштето за поставената плочата на влезот на општинаската зграда, која македонската заедница ја оцени како навреда, таа беше одложена поради здравствени проблеми на судијата.