Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да испорача оружје на Украина.
„Претседателот Трамп презеде важна иницијатива: САД ќе ѝ обезбедат на Украина оружје во големи размери доколку нејзините европски партнери го финансираат тоа. Трамп и јас разговаравме за ова неколку пати во последните денови. Го уверив дека Германија ќе биде решително ангажирана“, напиша Мерц на платформата X.
Тој процени дека ова ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од „рускиот терор“.
