Мерц избран за канцелар!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на германските христијански демократи, Фридрих Мерц, се пласираше во вториот круг од изборите за германски канцелар. За Фридрих Мерц во вториот круг гласаа 325 пратеници, што е за 15 повеќе отколку во првиот круг, кога тој доби 310 гласови.

Вкупно 618 претставници гласаа, а резултатите се следниве:

  • 325 гласови „за“
  • 289 гласови против
  • 1 воздржан
  • 3 неважечки гласови

Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство во Бундестагот во првиот круг од гласањето, задавајќи неочекуван удар на неговата нова коалиција со социјалдемократите.

Мерц (69), кој ја предводеше Христијанско-демократската унија CDU/CSU до федерална победа во февруари и се согласи на коалиција со Социјалдемократите (SPD), доби само 310 гласови во Долниот дом на парламентот, објави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.