Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економијата на земјата се враќа на патеката на раст по три години рецесија и стагнација. Според него, и покрај војните во Украина и на Блискиот Исток, како и глобалните трговски тензии, главните економски показатели укажуваат на подобрување.
Мерц очекува рецесијата целосно да биде надмината до крајот на годината, а прогнозите за 2027 година веќе се ревидирани нагоре. Тој оцени дека Германија следната година би можела да оствари економски раст од најмалку еден процент.
Оптимизмот го потврдува и последниот извештај на Институтот „Ифо“. Индексот на деловната клима во август пораснал за 2,1 поен, на 88,8 поени, достигнувајќи највисоко ниво во последната година. Германската економија во вториот квартал пораснала за 0,3 проценти, по контракцијата во 2023 и 2024 година и стагнацијата минатата година.
Министерот за финансии Ларс Клингбајл оцени дека специјалниот фонд од 500 милијарди евра за инфраструктура и заштита на климата бил клучен за спречување на нова рецесија.
На владината седница биле разгледани и пензиските реформи, вклучително и плановите за укинување на стимулите за предвремено пензионирање. Мерц најави и дополнителни мерки за заштита на населението од екстремно високите температури и адаптација кон климатските промени.
