Мерц: Не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа „не е на воен пат, но повеќе не е во мир“ со Русија.

„Дозволете ми да го кажам ова со реченица што на прв поглед може да биде малку шокантна.Ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир. Руската војна е војна против нашата демократија и војна против нашата слобода“, рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека намерата на Москва е да го поткопа единството во Европската Унија.

Тој, исто така, се осврна на неговата неодамнешна поддршка за планот на ЕУ за отклучување на замрзнатите руски средства за финансирање на воените напори на Украина, велејќи дека овој потег би можел да обезбеди воена поддршка за Украина во период од три до пет години.

Мерц процени дека во тој период би можело да стане „економски неодржливо“ за Русија да продолжи против Украина.