Германецот имаше минимална предност во однос на тимскиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон (+0.188с) на второто место и сонародникот Себастијан Фетел (Ферари, +0.370с) кој постави трето време во квалификаците.

Следува дуото на Ред Бул, Данил Квјат и Даниел Рикиардо, а помалку од една секунда зад најдобриот задоцни уште пилотот на Вилијамс, шестопласираниот Валтери Ботас.