Лионел Меси, завчера дебитираше за ПСЖ. Аргентинецот, во Ремс, на теренот влезе во 66.минута. „Светците“, со головите на Килијан Мбапе славеа победа 2:0.
По завршувањето на натпреварот голманот на Ремс, српскиот репрезентативец Предраг Рајковиќ, со својот син застана пред Аргентинецот, го извади мобилниот телефон и направи неколку фотографии.
Меси, пред три недели, како слободен играч, од Барселона се пресели во ПСЖ. Аргентинецот од својата 13 година беше член на Барселона.
Најдобриот фудбалер е фактор насекаде каде ќе отиде, а така беше и завчера.
