Меси го собори големиот рекорд на Пеле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерите на ПСЖ победија со 7:2 против Макаби од Хаифа во 5. коло од Лигата на шампионите, а натпреварот го одбележа Лионел Меси. Аргентинецот постигна два гола и имаше две асистенции.

Така Меси со учество на четири гола го собори големиот рекорд на Пеле. Легендарниот Бразилец постигна и асистираше вкупно 1.126 гола и беше рекордер до натпреварот помеѓу ПСЖ и Макаби. Меси сега има 1127 голови и асистенции.

На третото место е Унгарецот Ференц Пушкаш, кој кариерата ја заврши со 1.100 голови и асистенции. Најголемиот ривал на Меси, Кристијано Роналдо, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, во кариерата учествувал во 1.050 голови.