Меси и Роналдо за прв пат снимија заедничка реклама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лионел Меси и Кристијано Роналдо со своето ривалство ги одбележаа последните 15 години од светскиот фудбал, но освен што се лути ривали на теренот, Аргентинецот и Португалецот многу се почитуваат. Пред неколку дена Роналдо во едно контроверзно интервју изјави дека многу го цени Меси, а сега легендарното дуо ја сними својата прва заедничка реклама.

Во рекламата за Луј Витон, Роналдо и Меси играат шах смислено, а нивниот конфликт го сфаќаат многу сериозно, исто како да се на фудбалски терен. Роналдо и Меси ја објавија оваа фотографија во исто време на социјалните мрежи.

За Меси и Роналдо ова Светско првенство ќе биде последно во кариерата, а титулата светски првак е единственото нешто што им недостига на двајцата.