Лионел Меси потврди дека Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември, ќе биде последно во неговата кариера.
Меси, кој има 35 години, за Аргентина одигра 164 натпревари и постигна 90 голови.
„Ова е моето последно Светско првенство, веројатно да“, изјави Меси за Star+, цитиран од аргентинскиот ESPN.
Минатата година Аргентина ја освои Копа Америка со победата против Бразил (1:0).
„Не можев да поверувам, тоа беше една од целите што ми требаа за да ја затворам приказната. Важно ми беше да освојам нешто со репрезентацијата. Лудо е како тоа го доживеа земјата, луѓето се луди по националниот тим. Мора да ја намалиме еуфоријата, да одиме рамномерно да се бориме со сите, но да не мислиме дека сме шампиони“, изјави Меси.
Аргентина во Катар ќе биде во група со Мексико, Полска и Саудиска Арабија.
„За многумина ова ќе биде нивното прво Светско првенство, тие ќе го играат својот прв натпревар. Не знаете како некој се справува со тоа. Многу е важно да се победи првиот натпревар. Нема да биде лесно. На последното Светско првенство мислевме дека ќе бидеме први во групата, но не бевме“, изјави Меси за 2018 година, кога Хрватска ја освои групата со девет бода, додека Аргентина имаше четири.
„Аргентина не е главен фаворит“
“Има трепет, едвај чекам да почне. Сите натпревари ќе бидат тешки, фаворитите не секогаш победуваат. Не знам дали сме голем кандидат за титулата, но Аргентина е секогаш меѓу кандидатите поради неговата историја. Но ние не сме главен фаворит, има тимови над нас“, смета Меси.
Тој зборуваше и за својата иднина.
„Не размислувам за тоа што сум го постигнал, секогаш мислам на она што доаѓа. Нема да бидам тренер, но тоа го кажа и Зидан. Ми се допаѓа спортскиот менаџмент, но не сум 100 отсто сигурен“, рече Меси.
